• ЦВЕЌЕ И ПОЧИТ ЗА ХЕРОИТЕ

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    По повод Денот на востанието на македонскиот народ, а во спомен на сите борци  кои ги дадоа своите животи за слобода на македонскиот народ, на 11 октомври пред бистата на Гоце Делчев во Јабука цвеќе положија делегации од амбасадата на Република Македонија во Белград, Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, Mесната заедница Јабука, Основното училиште „Гоце Делчев“ и здружението „Илинден-Јабука“.

    Со своето присуство овој собир го увеличаа и учениците од училиштето во кое веќе шеста година по ред се изучува македонскиот јазик. 

    За значењето на овој ден зборуваа министерот советник при македонската Амбасада во Белград, Бојан Ѓорѓев и претседателот на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, Борче Величковски.

    -Само со учење на македонскиот јазик, негување на културата и традицијата и почитување на нивните дела можеме да им се оддолжиме на сите оние кои ги положија своите животи во темелите на слободата на македонскиот народ, меѓу останатото, истакнаа тие.

    11 Октомври 1941 се смета за почеток на македонската борба за слобода. Овој ден во Македонија и насекаде каде живеат Македонците се обележува на различни начини и со различни активности. Македонците во Србија го одбележуваат со пригодна програма и потсетување на постарите, но и запознавање на младите генерации со значајните дати од македонската историја.

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    По повод Денот на востанието на македонскиот народ, а во спомен на сите борци  кои ги дадоа своите животи за слобода на македонскиот народ, на 11 октомври пред бистата на Гоце Делчев во Јабука цвеќе положија делегации од амбасадата на Република Македонија во Белград, Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, Mесната заедница Јабука, Основното училиште „Гоце Делчев“ и здружението „Илинден-Јабука“.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Podrum ili parking – šta nam je potrebnije?

    Nekada su podrumske prostorije bile neizostavan deo svake stambene zgrade. Bile su korisne za skladištenje stvari koje nisu svakodnevno potrebne, poput sezonske garderobe, alata ili sportske opreme. […]