Makedonski

ИГРАЧКА И МУЗИЧКА ТРАДИЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАЧАРЕВО

Izvor: 
Liljana Lazareska Uto, 26/12/2017 - 18:54
Истражувањето за пишување на мастер труд на Јулијана Јовановиќ и Горан Милошевски од Нови Сад прерасна во книга под наслов „Играчка и музичка традиција на Македонците во Качарево“. 
 
Во текот на завршната година на основните студии и на мастер студиите на Академијата за уметност во Нови Сад  авторите вршеле истражување во Качарево на тема „Традиционална музика и игра кај Македонците во Војводина“. Повод за ваквото истражување се игранките кои, Македонците по преселувањето во Војводина, по напорната работа во полето, ги подготвувале во центарот на селата. Со играње, по народните инструменти и пеење ја победувале носталгијата за родниот крај и за оние кои останале таму. 
 
Книгата ,,Играчка и музичка традиција на Македонците во Качарево“ содржи детални описи на македонското традиционално наследство во Качарево. Во неа се претставени и историско-демографските и културните одлики на Македонците во Војводина и како најважни елементи на етничкиот и културниот идентитет истакнати се традиционалната македонска музика, песна и игра. Исто така, даден е и приказ на вокалната традиција на Македонците врз примерот на огромниот репертоар на Живко Марковски кој даде голем придонес на културниот развој на македонската заедница во зачувувањето и негувањето на идентитетот на Македонците на овие простори.
 
-Народната музика е навистина големо богатство. Не би било добро културното наследство да остане само во книгата. Полека треба да ги оживееме заборавените народни изворни песни, кои младите денес со задоволство ги слушаат и почнуваат да ги пеат, рече рецензентот на книгата д-р Селена Ракочевиќ, вонредна професорка на катедрата за етномузикологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот во Белград.
 
Книгата е печатена во издание на Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“. 
 
projekat_manjine_baner_2017.jpg

 



Marketing

Najnovije vesti