Makedonski

ИЗБРАН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА МНМ ВО РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Izvor: 
Liljana Lazareska Sre, 19/12/2018 - 01:20

Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

На втори декември, во големата сала на Собранието на град Панчево, е одржана конститутивна седница на која е избран претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија. Оваа чест во континуитет по трет пат едногласно му е доверена на досегашниот претседател Борче Величковски. 

-Составот на Националниот совет кој е избран на четврти ноември во Белград е подмладен. Во него влегоа единаесет нови членови меѓу кои има и одреден број на млади луѓе. Се надевам дека со нивната енергија и знаење и искуството на постарите членови ќе успееме да се избориме со сите предизвици на кои ќе наидеме во наредните четири години, истакна Борче Величковски, заблагодарувајќи им се на присутните по изборот. 

Според неговите зборови  секој мандат е нов предизвик, а патот кој води кон успеси не треба да се менува. Тој е убеден дека само нов пристап и поинаков начин на работа ќе ѝ  дадат новa вредност на македонската заедница во Република Србија. 

И понатаму ќе се работи на истиот начин како и досега, но со пронаоѓање на нови вредности. Како патоказ во работата на Советот во иднина ќе послужи слоганот на новата програма кој гласи: „Со разговор до договор“, а тоа значи дека ќе бидат повикани сите припадници на заедница да се придружат и да дадат свој придонес.

Во сето тоа е убеден и Марјан Јовановски, првиот секретар во македонската Амбасада во Белград кој ја следеше седницата. Честитајќи го изборот на членовите на Советот им порача да бидат сложни и да заборават на сите недоразбирања. 

-На сите вас, предводени од претседателот Борче Величковски, ви посакувам да имате успешен четиригодишен мандат, заеднички да се радувате на сите успеси и активности што македонското национално малцинство ќе ги оствари во Република Србија. Сакајте ја Република Македонија, но почитувајте ја и сакајте ја и Република Србија, рече на крајот Марјан Јовановски.




Marketing



Najnovije vesti