Makedonski

„КОСОВСКИ И ДРУГИ ТЕМИ“ И „ПАТЕКИ И КРУГОВИ“ ПРЕД ЧИТАТЕЛИТЕ

Izvor: 
Liljana Lazareska Uto, 24/10/2017 - 19:00

 

Во градската библиотека на Панчево, на 11 октомври, Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“, претстави две книги. Љубителите на убавиот збор имаа прилика да се запознаат со содржината на прозата „Патеки и кругови“ на Воислав Максимовиќ и со збирката есеи „Косовски и други теми“ од  Јордан Ристиќ.  

За автoрите, нивното творештво и содржината на двете книги кои штотуку излегоа од печат зборуваа рецензентите Миладин Распоповиќ и Виктор Б. Шеќеровски.

Со својата содржина, овие изданија ја збогатија современата книжевност, а придонесоа и на жанровската разновидност на изданијата на „Македонскиот информативен и издавачки центар“. 

-Прозата на Воислав Максимовиќ е една навистина сублимирана мудрост и секој издавач би прифатил да ја печати, а во книгата „Косовски и други теми“ се обработени и многу теми поврзани со Македонија. Во неа Јордан Ристиќ на еден необичен начин ја опишува Македонија во првата половина на 20 век, рече директорот на Новинско-издавачката установа Виктор Б. Шеќеровски.

Ова се први дела од овие автори кои излегоа од печат во издание на ова издавачка куќа, а задоволството од воспоставената соработка е двострано.

Кај присутните и двата наслова наидоа на добар прием и предизвикаа посебна љубопитност за нивната содржина, но за жал авторите немаа кај себе примероци кои би им ги подариле или продале.

Pročitajte vest na srpskom jeziku.

projekat_manjine_baner_2017.jpg


Marketing

Najnovije vesti