Makedonski

МЕДАЛИ НА БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ТЕКВОНДО

Izvor: 
Liljana Lazareska Čet, 28/12/2017 - 18:54
Изреката дека постигнатите резултати во спортот се плод на заедничка работа на тренерите и спортистите ја потврдија и неодамнешните успеси постигнати на Балканското првенство во теквондо одржано во градот Едрине во Турција.
 
На ова првенство учествуваа најдобрите спортисти на клубот за боречки вештини „Колосеум“ во Панчево, а меѓу нив и неколку млади спортисти од Јабука кои се вратија со завидни резултати.
 
Со златен медал се закити јуниорката Милица Неделковски од Јабука, која се натпреваруваше во категорија до 55 килограми, а сениорот Бојан Стефановски, исто така од Јабука, кој на оваа првенство се натпревариваше во категорија до 74 килограми,  својата огромна колекција на медали ја дополни со сребрен медал. 
 
Очекувањата на тренерите Миленко Несторов и Зоран Милошевиќ, на родителите и на сите оние кои веруваа во нив, ги храбреа и финансираа ги оправдаа и Александар Батало и Никола Ресановиќ.
 
Овие успеси ќе ги мотивираат овие млади спортисти да продолжат и понатаму со исто темпо да тренираат и да се натпреваруваат. 
 
projekat_manjine_baner_2017.jpg

 



Marketing

Najnovije vesti