Makedonski

НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА-ДЕЛ ОД БОГАТСТВОТО НА СРБИЈА

Izvor: 
Liljana Lazareska Uto, 12/12/2017 - 18:54

Со манифестацијата „Сложен мозаик на Србија“, одржана на 10 декември на белградскиот саем, Канцеларијата за човечки и малцински права на Владата на Република Србија заедно со Hационалните совети го обележи Меѓународниот ден на човечките права.

Манифестацијата ја отвори директорката на Канцеларијата, Сузана Пауновиќ, а својата посебност на штандовите и во културно-уметничката програма ја претставија 16 национални заедници меѓу кои Словаците, Словенците, Романците, Унгарците, Чесите, Ромите, Црногорците, Хрватите и други. 

На штандот на македонскиот Национален совет беа изложени ракотворби, македонски специјалитети, изданија на Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“ и сувенири. Македонското фолклорно богатството го претставија пејачката група „Македониум“ од Белград и најмладите членови на пејачката група „Тоше Проески“ од Качарево. Посетителите имаа можност да ги слушнат и видат изведбите на обичајните песни „Водарки“ и „Жетварки“ и песните „Посеала баба до три зрна просо“, „Шарена гајда“, „Бабa ми појде на пазар“ и „Врати ми го сонцето“.

На Саемот присуствуваа и претставници на државните институции, претставници на амбасадите чии национални совети се претставуваа, организацијата на цивилното друштво, туристички организации и други. 

Од оваа манифестација е испратена порака дека Србија ги почитува своите граѓани со сите нивни различности, а колку и како тие ја чуваат својата посебност можеше да се види од претставувањето на овој Саем.

Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

projekat_manjine_baner_2017.jpg


Marketing

Najnovije vesti