Makedonski

ШАМПИОН ВО ТЕКВОНДО

Izvor: 
Liljana Lazareska Ned, 04/12/2016 - 18:12

Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

Бојан Стефановски од Јабука, има само 21 година, студент е на втора година на Сообраќајниот факултет во Белград  и има над 60 медали освоено на турнири, натпревари на државно, европско, балканско и светско ниво во теквондо.

            Овој спорт го засакал уште од мали нозе, а започнал да тренира со седум години во ОУ„Гоце Делчев“ во Јабука.

-Мама ми рече дека има некои боречки вештини па ако сакам можам да пробам, отидов и ми се допадна, рече Бојан сеќавајќи се на своите почетоци.

Љубовта кон спортот ја наследил од своите најблиски, чичко му и татко му тренирале карате, а мајка му гимнастика.

-Генетиката го направила своето, потврдува татко му Живица.

Уште од почеток Бојан знае дека патот до успехот е долг и тежок. Благодарение на подршката од најблиските тој успева да ги направи почетните чекори и денеска храбро чекори напред.

Со освојувањето на бронза на Светското првенство за јуниори одржано на 3 април 2012 година  во египетскиот град Шарм ел Шејк Бојан го сврте вниманието на спортската јавност кон себе и го оправда очекувањето на родителите и тренерите, на сите оние кои веруваа во него, го храбреа и финансираа. 

Овој успех го мотивира овиј млад спортист да продолжи со исто темпо да тренира, а како резултат на тоа следуваат многу награди и трофеи освојувани на разни натпревари во Србија и странство. На почесно место во неговата голема колекција се наоѓаат пет бронзени, шест сребрени и три златни медали освоени по првата бронза во Египет.

 -Беше потребно многу труд и време, напорно тренирање, посветеност, упорност и волја да се издржи и надминат сите пречки, истакна Бојан.

Како и кај сите млади спортисти и кај Бојан постоеле момeнти кога сакал да се откаже, повлече, затоа што е тешко, напорно, затоа што после часовите во училиштето мора да оди на тренинг.

-Беше мал. Влијаевме на него да не се предомисли, да истрае и ако баш реши да напушти да биде храбар и сам да му каже на тренерот: „Јас повеќе нема да тренирам“, а во тој спорт тренерот отприлика има улога како генералот во војската. Постоеше некој страв да се каже: „Е, јас повеќе не можам, односно, не сакам да тренирам“.Тоа беше во почетокот, а потоа стекна физичка кондиција и волја, го засака спортот, вели мајка му Александра.

Тој полека и постепено се искачува по скалитe на успехот во што го подржуваат неговите родители и две години помал брат Немања. На патувањата и натпреварите запознава нови другари и пријатели. Со бројот на натпреварите и кругот на пријателите е сè поголем, така, сега има другари речиси од сите градови во Србија и земјите во кои се натпреварувал. 

 

projekat_manjine.jpg


Najnovije vesti

PR

Pravilan odabir naočara

Osim koži, sunce tokom leta šteti i našim očima. Zato izlaganje sunčevoj svetlosti osim povoljnih efekata na organizam, može izazvati i niz kratkoročnih i dugoročnih posledica, te je neophodno da

Zabava

Još samo sedam dana do Exita!

Ovogodišnje EXIT Leto ljubavi uveliko je počelo, a od novog izdanja EXIT festivala na Petrovaradinskoj tvrđavi deli nas još samo sedam dana! Ovogodišnji EXIT proslaviće 50 godina čuvenog Leta

Srbija

Dinar na maksimumu u ovoj godini

Dinar je prema evru jači za 1,2 odsto nego pre mesec dana, a na godišnjem nivou je jači za 2,0 procenta. Od početka godine, dinar je prema evru porastao za 1,8 posto.