• СТИХОВИ, ПЕСНИ И КОЛАЧИЊА

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    По повод светскиот „Ден на јаболкото“ во чест на овошјето јаболко кое во овие краеви го има во изобилство, на 21 октомври во холот на училиштето „Гоце Делчев“ во Јабука се рецитираше, пееше, играше, глумеше.  

    Ова е редовна манифестација во која се вклучени вработените на училиштето, учениците и родителите. Подготвени се разни програми меѓу кои најмасовни беа спортските активности, изложбата на ликовни творби чија тема е јаболкото и приредбата во која учествуваа претставници од сите одделенија.

    –  Нашите деца демонстрираа дел од знаењето стекнато на часовите по музичка, ликовна и физичка култура, српски, англиски, македонски и француски јазик, истакна  Милосав Урошевиќ, директор на училиштето „Гоце Делчев“.

    Свој придонес во програмата дадоа и членовите на рецитаторската секција формирана од учениците кои го учат предметот Македонски јазик со елементи на национална култура.

    – Тие редовно учествуваат во сите активности и приредби кои ги организира нашето училиште, но исто така учествуваат и во програмите на македонската заедница и секогаш се добро подготвени и постојано ме изненадуваат, нагласи директорот Милосав Урошевиќ.

    Иако дождливото време не дозволи манифестацијата да се одвива како беше замислена задоволството од прославатa на овој ден не го криеше никој, особено по дегустацијата на прекрасните специјалитети кои за оваа прилика ги направија родителите.

     

    Projekat „Redakcija na jezicima nacionalnih manjina – 013info/2016″ je sufinansiralo Ministarstvo kulture i informisanje Republike Srbije.

    По повод светскиот „Ден на јаболкото“ во чест на овошјето јаболко кое во овие краеви го има во изобилство, на 21 октомври во холот на училиштето „Гоце Делчев“ во Јабука се рецитираше, пееше, играше, глумеше.  

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Od 1. maja jeftiniji gas za privredu

    Direktor "Srbijagasa" Dušan Bajatović rekao je za RTS da će gas za privredu od maja biti jeftiniji za 15 odsto. Do kraja godine obećava i priključenje oko 70.000 domaćinstava na […]