Makedonski

СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЗАЕДНИЦА

Izvor: 
Liljana Lazareska Ned, 17/12/2017 - 18:54

Со свечена седница одржана на 16 декември во Ниш, Националниот совет на македонската национална заедница одбележа тринаесет години од формирањето. Со оваа седница е одбележано и 15 години од постоењето и работата на здружението „Вардар“ во овој град. 

Во салата на куклениот театар домаќините приредија културно-забавна програма на која присуствуваа членовите на Советот, претставници на Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“, гости од градот Ниш и претставници на здружението „Вардар“.   На свечената седница како гостинка присуствуваше и амбасадорката на Република Македонија во Република Србија, Вера Јовановска Типко, која ги поздрави присутните и истакна дека Македонците во Србија се мост на пријателство меѓу двете земји и дека тие се добра основа за соработка помеѓу Македонија и Србија.

За работата и постигнатите резултати на Националниот совет на македонската национална заедница зборуваше претседателот на Националниот совет, Борче Величковски, а позначајните достигнувања во работата на здружението во изминатите 15 години ги истакна претседателот на здружението, Благе Петрушевски. 

На свечената седница се доделени и годишни признанија и награди на поединци, здруженија и установи. 

Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

projekat_manjine_baner_2017.jpg


Marketing

Najnovije vesti