• ТРОЈАЗИЧНА ВЕЧЕР ВО ПАНЧЕВО

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Манифестацијата Деновите на македонската култура, организирана од здружението „Герман“ од Глогоњ, заврши со тројазична поетска вечер која се одржа на 25 септември во салата на Домот на младите „Аполо “ во Панчево. 

    Љубителите на поезијата уживаа во стиховите на поетесата Виолета Пачевски и во прозата на Нада Малек од Панчево, но и во стиховите на поетите Виктор Б. Шеќеровски, Ратко Марковиќ Риѓанин, Зоран Радосављевиќ од Белград и Виктор Радун од Нови Сад. Присутните, исто така, имаа прилика да слушнат и стихови од поетите Живан Пујиќ и Миливоје Јовановиќ. 

    На тројазичната книжевна вечер во Панчево редовно и со задоволство учествува и поетот  Валентин Мик која смета дека е многу добро да се учествува на вакви манифестации.

    -На овие вечери учествувам веќе неколку години бидејќи сметам дека тие имаат големо значење не само за мене туку и за нашиот град. Во Панчево се зборува на 26 јазика и уште на неколку дијалекти, токму затоа  мислам дека Панчево е еден голем град без разлика на бројот на населението. Тој е и отворен град  кон сите  култури и кон сите нации, а тоа многу значи. Токму поради тоа со задоволство учествувам  на Деновите на македонската култура и на деновите на било која друга култура, рече поетот Валентин Мик. 

    Соработката помеѓу писателите и поетите е на високо ниво. Тие заеднички  учествуваат на многу манифестации. 

    -Преку литературата најдобро се запознава културата на еден народ, поетите и писателите тоа го знаат и токму затоа со задоволство учествуваат на оваа манифестација, рече Маја Ѓеоргиевска, стручен соработник за аматеризам на младите во Домот на младите во Панчево.

    Поезијата исто како и културата и уметноста гради мостови кои ги поврзуваат и најоддалечените земји и најразличните култури. Поетите соработуваат спонтано, без предрасуди занемарувајќи ги граници и културните разлики.

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    Манифестацијата Деновите на македонската култура, организирана од здружението „Герман“ од Глогоњ, заврши со тројазична поетска вечер која се одржа на 25 септември во салата на Домот на младите „Аполо “ во Панчево.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija