• ВЉУБЕНА ВО ТЕКВОНДО: СО ВОЛЈА И ЖЕЛБА ДО МЕДАЛИ

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Pročitajte tekst na srpskom 

    На збирката медали и признанија, освоени на многубројните натпревари во теквондо, на Милица Неделковски можат да ѝ завидат многу почетници во разни спортови. Иако е уште во средношколските клупи таа има 46 медали кои зборуваат за нејзините успеси на турнири во Србија и странство.

    Еден ден дојде од училиште и рече: „Мамо јас сакам да тренирам теквондо!“. Беше упорна. Иако не знаев ништо за тој спорт ја подржав. На почетокот беше единствено девојче кое тренираше во клубот во Јабука. На првиот натпревар освои бронза. Кога виде сопругот со колкав жар тренира и се натпреварува и тој почна да ја подржува, рече нејзината мајка Јасмина Неделковска.

    Таа со посебна гордост зборува за еланот со кој нејзината ќерка ја започна својата спортска кариера, но и за упорноста и пожртвуваноста со која таа се труди да одговори на сите обврски за да го оправда поверението на родителите.  

    Теквондо е прв спорт кој започнав да го тренирам и не се покајав, едноставно ме привлече, рече оваа вредно девојче.

    Милица со посебно задоволство ги покажува медалите кои сведочат за напорната работа и учество на многу натпревари во изминатите години. Како значајни за светска ранг листа таа го издвојува учеството на натпреварите во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Холандија, Австрија. Посебно значајни за неа се и светското првенство во Азербејџан, учеството на три балкански натпревари од кои се вратила со два сребрена  и еден бронзен медал.

    Сега таа тренира во клубот за боречки вештини „Колосеум“ во Панчево каде покрај усовршување на техника за борба од тренерите Миленко Несторов и Зоран Милошевиќ добива и совети кои ѝ помагаат да постигне добри резултати.

    Милица е една од поуспешните членови од нашиот клуб. Во почетокот беше многу повлечена, сѐ што ќе ѝ се кажеше на тренингот ќе одработеше, работеше дури и повеќе од тоа, го даваше својот максимум, вели нејзиниот тренер Миленко Несторов.

    Но кога се оди на натпревари треба да се надминат и емоции кои влијаат на успехот.

    За да се совладат сите пречки  и постигнат врхунски резултати мораше подлабоко да навлеземе во самата тематика на натпреварите. Во зависност од потребите на спортистите во екипата се вклучени психолог, лекар и тренер за кондиција, изјави претседателот на клубот„Колосеум“ Зоран Милошевиќ.

    Тој е задоволен со успесите на Милица која како резултат на заедничката работа, истрајноста и упорноста на турнирот „Војводина опен“ одржан во Нови Сад освои златен медал.

    Лилјана Лазареска

     

    Projekat „Redakcija na jezicima nacionalnih manjina – 013info/2016″ je sufinansiralo Ministarstvo kulture i informisanje Republike Srbije

    На збирката медали и признанија, освоени на многубројните натпревари во теквондо, на Милица Неделковски можат да ѝ завидат многу почетници во разни спортови. Иако е уште во средношколските клупи таа има 46 медали кои зборуваат за нејзините успеси на турнири во Србија и странство.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija