• ВО ПАНЧЕВО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ДЕТЕТО

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    По повод светскиот ден на детето во салата „Аполо“ во Панчево, на 20 ноември, ученици кои го учaт предметот македонски јазик со елементи на национална култура  во Јабука и Качарево за своите другарчиња од училиштата  „Моша Пијаде“ во Гудурица и „Јован Јовановиќ Змај“ во Хајдучица приредија пригодна програма. 

    Членовите на рецитаторската секција по македонски јазик од ОУ „Гоце Делчев“ од Јабука рецитираа стихови посветени на правата на децата. Присутните имаа прилика да уживаат и во претставата „Дедо и училиште“ која ја изведе драмската секција „Видое Дојчиновски даскалот“ од Качарево.

    Покрај учениците програмата ја следеа наставниците кои го предаваат овој предмет, директорите на училиштата каде се изучува македонскиот јазик, претставникот од Канцеларијата за човекови и малцински права, Владо Радуловиќ, членови на Националниот совет и претставници на компанијата ,,Витаминка“ од Прилеп.

    Средбата ја организираше Националниот совет на македонската национална зaедница во Република Србија во соработка со „Витаминка“ од Прилеп која за учениците подготви пригодни подароци од асортиманот на своите производи. Децата го добија и новиот број на детското списание ,,Ѕуница“. 

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    По повод светскиот ден на детето во салата „Аполо“ во Панчево, на 20 ноември, ученици кои го учaт предметот македонски јазик со елементи на национална култура  во Јабука и Качарево за своите другарчиња од училиштата  „Моша Пијаде“ во Гудурица и „Јован Јовановиќ Змај“ во Хајдучица приредија пригодна програма. 

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Podrum ili parking – šta nam je potrebnije?

    Nekada su podrumske prostorije bile neizostavan deo svake stambene zgrade. Bile su korisne za skladištenje stvari koje nisu svakodnevno potrebne, poput sezonske garderobe, alata ili sportske opreme. […]