• ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА НАЦИОНАЛНИТЕ СОВЕТИ

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Министерството за државна управа и локална самоуправа во Република Србија на 18 декември во Палатата на Србија во Белград закажа шеста по ред јавна расправа за работниот текст на Нацртот на законот за измени и дополнувања на Законот на националните совети на малцинските заедници.

    Како учесници на оваа расправа, како и на претходните пет, се очекуваат претставници на сите националните совети на националните малцинства во Република Србија. 

    Со овој Нацрт на Законот на националните совети на малцинските заедници во Република Србија подготвен со подршка на Мисијата на ОЕБС се нудат позитивни измени и дополнувања. Една од нив е и како треба да се трошат средствата кои националните совети ги добиваат од државната каса. Прецизирано е што сѐ спаѓа во редовна дејност која може да се финансира со 50% од средствата  издвоени од буџетот на Република Србија и Автономна Покраина Војводина. Предлози и забелешки на работниот текст на Нацртот на законот можат да се достават до Министерството за државна управа и локална самоуправа на Република Србија.

    Новиот закон ќе биде усвоен на почетокот на идната година. Доколку се прифатат предложените измени и дополнувања националните совети ќе бидат принудени поинаку да ги трошат парите кои ги добиваат. 

    Тркалезни маси за измени и дополнување на Законот за националните совети на малцинските заедници досега се одржани во Нови Сад, Нови Пазар, Бујановац, Петровац на Млава и Суботица.

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    Министерството за државна управа и локална самоуправа во Република Србија на 18 декември во Палатата на Србија во Белград закажа шеста по ред јавна расправа за работниот текст на Нацртот на законот за измени и дополнувања на Законот на националните совети на малцинските заедници.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    U Srbiji dom košta od 400 do 4.802.000 evra

    Subotica je već tri godine prvi grad u Vojvodini po broju prodatih kuća, gde ih je od 2021. do 2023. prodato 3.152, a cene su bile od 1.000 do 245.000 evra. […]