• 12 ГОДИНИ РАБОТА И ИНФОРМИРАЊЕ

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

     

                Со пригодна културно-уметничка програма одржана на 10 декември во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Јабука, Националниот совет на македонската национална заедница одбележа 12 години од формирањето.

                Програмата ја подготвија учениците кои го учат предметот Mакедонски јазик со елементи на национална култура во ОУ „Гоце Делчев“ во Јабука и најмладите членови на здружението „Вардар-Качарево“.  Беа изведени пригодни рецитали, драмски ситуации и театарски претстави.

                На свеченоста присуствуваа претставници од македонската амбасада, членови на Советот, претставници на македонски здруженија во Србија, родители и жители на Јабука. Покрај нив на свеченоста беа присутни и Душан Јовановиќ претставник од покраинската влада, Слободан Илиќ претседател на месната заедница Јабука, Милосав Урошевиќ директор на училиштето ,,Гоце Делчев“, Мирјана Загорац директорка на Домот на култура „Кочо Рацин“, Виктор Б. Шеќеровски директор на новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“ и други.  

                Желби за успешна работа и честитки за постигнатите успеси покрај другите  упатија и Ирена Вишинска Бужаровска од името на македонската амбасада во Белград и градоначалникот, Саша Павлов од името на Град Панчево.

                Со работата и успесите на Националниот совет постигнати во 2016 година присутните ги запозна претседателот на Советот, Борче Величковски кој истакна дека поголемиот број на активности на ова установа и на сите здруженија и асоцијации беа посветени на одбележувањето на 70 години од доселувањето на Македонците во Војводина. Еден од најзначајните настани кој ја одбележа оваа година според Величковски е посетата на претседателите на Република Србија и Република Македонија на Панчево.

                -Годинава е јубиларна и по тоа што пред точно 10 години се започна со информирањето на македонски јазик во Република Србија, рече претседателот на Советот.

                Најпрво со работа започна емисијата на македонски јазик „Банатско сонце“ на ТВ Панчево, а веднаш потоа и емисијата „Македонско сонце“ на ТВ Војводина. Истата година  формирана е и новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“ и од печат излезе првиот број на списанието „Македонска виделина“.

                -Со цел да се одржи континуитетот и постојано да се подобрува квалитетот во овие медиуми во изминатите десет години се работи со ентузијазам. Резултатите зависат од многу фактори, но оние кои работат во овие медиуми заслужуваат признание за упорност и пожртвуваност, истакна Виктор Б. Шеќеровски.

                За придонес во работата и афирмација на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија доделени се признанија и награди на најактивните и најуспешни институции и поединци во 2016 година.

     

     Со пригодна културно-уметничка програма одржана на 10 декември во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Јабука, Националниот совет на македонската национална заедница одбележа 12 години од формирањето.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija