Децата кои го учат македонскиот јазик во Качарево, а воедно се и членови на драмската секција „Видое Дојчиновски даскалот“ при здружението „Вардар-Качарево“ пред Hовогодишните празници приредија кратка програма.
Пред своите другарчиња и родителите тие се прeтставија со драмата „Дедо Мраз дојде и кај нас“, со стихови посветени на Новата година и песни со кои досега се претставувале на различни настани.
-За еден месец успеавме да ја подготвиме претставатa. Не ни беше тешко затоа што сите имавме иста цел и се трудевме да се претставиме најдобро што можеме, рече Александра Милошевска.
Учесниците во програмата и учениците кои го учат предметот македонски јазик со елементи на национална култура во ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево направија заедничка изложба со цртежи посветени на Hовогодишните празници.
За успешното претставување на македонската култура на неколку манифестации децата беа наградени со пакетчиња, а слични им беа доделени и на учениците кои го учат македонскиот јазик во ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево.
Организатор на оваа дружење е здружението „Вардар“ од Качарево.
Pročitajte tekst na srpskom jeziku.