• ИЗЛОЖБА НА ВИЊЕТИ ВО ДОМОТ НА МЛАДИТЕ ВО ПАНЧЕВО

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    На 20 октомври во Домот на младите во Панчево е отворена изложба на вињети под наслов „Портрети на познати личности“.  Изложени се над 60 портрети насликани во непосреден контакт на авторот Виктор Б. Шеќеровски со неговите познаници и пријатели.          

    -Меѓу нив се познати македонски и српски поети и писатели, доктори, академици, лекари, а има и обични луѓе меѓу кои се автомеханичари, водоинсталатери, насликана е и мојата мачка, вели Виктор Шеќеровски.

                Препознатливи личности за посетителите на изложбата се амбасадорката на Република Македонија во Белград Вера Јовановска Типко, Љубивоје Ршумовиќ, Десанка Максимовиќ, Душица Илин, Радомир Андриќ, Борче Величковски, Иван Митровски, автопортретот и многу други.

                Поголемиот дел од нив се насликани во кафаната „Наше море“ или во некои слични простори во опуштена атмосфера.

                Љубовта кон овој вид на сликарство кај Шеќеровски потекнува од младоста. Тој досега има нацртано над 50 000 вињети. Неговите дела се наоѓаат во 500 книги, а се среќаваат и во многу списанија и весници. Има изложувано на три самостојни изложби од кои првата е 1974 година во Студентски дом во Белград, а втората и третата имаше чест прва да ја види публиката во Панчево.

                -Оваа изложба и за младите во Панчево има посебно значење бидејќи може да послужи како инспирација на младите сликари кои ја посетуваат школата за цртање која работи при овој дом, истакна Јелена Катана, ПР во Домот на младите во Панчево.     

    Љубителите на овој вид на уметност ќе имаат прилика изложбата да ја посетат до крајот на октомври.

     

    Projekat „Redakcija na jezicima nacionalnih manjina – 013info/2016″ je sufinansiralo Ministarstvo kulture i informisanje Republike Srbije

     
     

     

     

     

    На 20 октомври во Домот на младите во Панчево е отворена изложба на вињети под наслов „Портрети на познати личности“.  Изложени се над 60 портрети насликани во непосреден контакт на авторот Виктор Б. Шеќеровски со неговите познаници и пријатели.           

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Objavljene nove cene goriva

    U narednih sedam dana, litar evrodizela za maloprodaju koštaće 204 dinara, dok će cena bezolovnog benzina biti 185 dinara po litru, saznaje […]

    Sprečeno krijumčarenje migranata preko Drine

    Pripadnici Ministarstva unutrašnjih poslova, u nastavku aktivnosti Štaba za suzbijanje iregularnih migracija u Malom Zvorniku, sinoć su sprečili krijumčarenje migranata preko Drine i državne […]