Втората програма на телевизија Војводина редовно подготвува Hовогодишна програма во која учествуваат претставници од сите национални заедници кои подготвуваат емисии на малцинските јазици.
Емисијата на македонски јазик „Македонско сонце“ годинава ќе ја претстави музичка група „Trouble heart“ од Панчево.
Овој бенд е составен од пет члена кои на чело со главниот вокал Љупче Михајловски од Јабука со години ги воодушевуваат љубителите на овој вид музика во Панчево. Тие со својот богат репертоар познати се во Србија, но и во странство.
За оваа прилика ќе изведат неколку обработени, популарни рок нумери посебно занимливи за поголем дел од младата популација. Според Hовогодишната програма на вториот канал на ТВ Војводина љубителите на овој вид музика нивниот настап ќе можат да го видат на 31 декември во 22 часот во емисијата „Кој е овде Дедо Мраз“.
Програмата е снимена во студиото „Дунав“ на десет јазика на националните заедници кои живеат на територијата на Војводина и имаат своја програма на оваа телевизија.
Втората програма на телевизија Војводина редовно подготвува Hовогодишна програма во која учествуваат претставници од сите национални заедници кои подготвуваат емисии на малцинските јазици.