Pročitajte tekst na srpskom jeziku.
Веќе неколку години по ред НС на МНЗ и здружението „Илинден-Јабука“ во соработка со македонската амбасада, МЗ Јабука и училиштето Гоце Делчев го одбележува Денот на револуционерната борба на македонскиот народ.
Пред бистата на Гоце Делчев, која се наоѓа во дворот на истоименото училиште во Јабука, и годинава се поклонија и цвеќе положија претставници од македонската амбасада во Белград, Град Панчево, НС на МНЗ во РС, НИУ „МИИЦ“, месната заедница Јабука, училиштето „Гоце Делчев“, здруженијата „Илинден –Јабука“, „Вардар-Качарево“ и други претставници на македонски здруженија и асоцијации.
За значењето на 23 октомври зборуваа министерот советник при македонската амбасада во Белград, Бојан Ѓорѓев и претседателот на Националниот совет на МНЗ, Борче Величковски. Тие меѓу останатото истакнаа дека одбележувањето на Денот на револуционерната борба за Македонците во Република Србија има посебно значење. Ги потсетува на дел од историјата, но истовремено ги поттикнува и понатаму да останат верни на вредностите кои досега ги негуваа.
-Овој ден симболизира континуитет на борба за независност. Тој претставува симбол на сите настојувања на македонскиот народ да биде свој на своето, да биде слободен. Македонците се мирољубиви луѓе и секогаш подготвени за соработка било каде да се наоѓаaт. Тие вредности ги имаат и негуваат и Македонците кои живеат на овие простори, рече Бојан Ѓорѓев.
Во чест на борците кои ги положија своите животи во темелите на слободата, членовите на рецитаторската секција составена од учениците кои го учат предметот Mакедонски јазик со елементи на национална култура во ова училиште рецитираа стихови.
-Секогаш кога ќе ни се обрати Националниот совет со барање да земеме учество во одбележувањето на некој празник или учество во програмата на некоја манифестација ние редовно учествуваме и покрај тоа што понекогаш организаторите го скратуваат времето за подготовки. Нашите ученици заедно со професорката која ја изведува наставата секогаш имаат подготвено пригодни рецитации. Оддушевен сум од нивните настапи и темпото со кое напредуваат во учењето на македонскиот јазик, истакна Милосав Урошевиќ, директорот на училиштето „Гоце Делчев“ во Јабука.
Тој целосно ги подржува учениците и со своето редовно присуствo на сите настапи ги поттикнува повеќе да работат и подобро да го презентираат наученото.
Во програмата учествуваше и инклузивниот хор „Звуци во Јабука“ кој во чест на загинатите херои испеа неколку песни.
Projekat „Redakcija na jezicima nacionalnih manjina – 013info/2016″ je sufinansiralo Ministarstvo kulture i informisanje Republike Srbije.
Веќе неколку години по ред НС на МНЗ и здружението „Илинден-Јабука“ во соработка со македонската амбасада, МЗ Јабука и училиштето Гоце Делчев го одбележува Денот на револуционерната борба на македонскиот народ.