• 70 години од доселувањето на Македонците во Војводина

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Во организација на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија, во Градската управа на Панчево, на 9 април, свечено започна прославата на 70 години од организираното доселување на Македонците во Војводина.

    Манифестацијата ја отвори претседателот на Националниот совет, Борче Величковски кој поздравувајќи ги присутните најави низа активности кои во текот на целата година ќе ги организираат македонските здруженија и асоцијации.

    Подготвени се  разновидни културно-уметнички програми кои ги сублимираат, претставуваат и истакнуваат елементите и вредностите на културното наследство на македонската национална заедница на овие простори.

    Издавање и промовирање на монографија, снимање и проекции на документарен филм, јавен конкурс и избор на химна на Македонците во Србија, ликовен и литературен конкурс во училиштата во кои се изучува предметот Македонски јазик со елементи на национална култура, изложба на фотографии, документи и автентични предмети од времето на доселувањето на Македонците. Сето ова е само дел од активностите кои ќе бидат организирани во рамките на оваа манифестација која ќе трае во текот на целата година, а ќе биде затворена со поставување на споменикот ,,Мајка Македонија“, од вајарот Синиша Новески, изјави Борче Величковски, нагласувајќи дека меѓу останатото ќе се организира и централна прослава на која се очекува да присуствуваат и претседателите на Република Србија и Република Македонија.

    Присутните ги поздрави и градоначалникот на Панчево, Саша Павлов, кој честитајќи го јубилејот нагласи дека, сега, по 70 години заеднички живот на 26 различни национални заедници во Панчево, повеќе не се прават јасни разлики  помеѓу луѓето, обичаите, културата и традицијата. Тие се вклопени во една заедничка култура, традиција и обичаи карактеристична за овој простор.

    Од името на Владата на Република Македонија и Амбасадата во Белград присутните ги поздрави советникот при македонската Амбасада, Бојан Ѓорѓев, кој истакна дека Република Македонија и понатаму ќе продолжи да ги негува добрососедските односи и да работи врз подобрувањето на состојбата на националните малцинства во двете држави.

    Од името на колонистите кои 1946 година заедно со своите семејства се доселија на овие простори зборуваше Цветко Целески од Јабука кој присутните ги запозна со начинот на нивното доаѓање, патување, но и со животот на Македонците во првите години на прилагодувањето на новата средина.

    По свеченото отварање, како симбол на долговечност, континуитет и соживот, во паркот покрај старата желеничка станица во Панчево засаден е даб.

    Liljana Lazareska

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Društvo

    Ombudsman ipak pokrenuo postupak prema CSR Vršac

    Povodom saopštenja Zaštitnika građana da je zbog slučaja maloletnika koji je ubio 12 jaganjaca u Markovcu pokrenut postupak ocene zakonitosti i pravilnosti rada Centra za socijalni rad Pančevo, […]