• ДОБАР ГЛАС ДАЛЕКО СЕ СЛУША

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    Мешовитиот инклузивен хор „Звуци во Јабука“ постои повеќе од пет години. Составен е од корисници на домот „Срце“ од Јабука и членови на здружението „Илинден-Јабука“. Хорот го водат двајца воспитувачи од домот, Олгица Илиќ-Митевски, диригент, и Иван Караклиќ, организатор на гостувањата.

                Настапуваат насекаде каде ќе ги поканат, а најчести гости се на разни културно-уметнички настани кои ги организира македонската заедница во општина Панчево.

                – Поради тоа што во Јабука живеат претежно Македонци нашиот репертоар прво го проширивме со македонски народни песни кои ги пеевме на различни приредби, вели Иван Караклиќ.

                Желбата да отидат во Македонија и таму да се претстават со нивниот богат репертоар сѐ уште не ги напуштила. Знаат многу песни кои со помош на членовите на здружението „Илинден-Јабука“ лесно ги учат и пеат.

                -Тие ни се подршка и голема помош е што ни се придружија, лесно се вклопија и сега сме добар хор со кој настапуваме насекаде, рече Караклиќ.

                Тие постојано го збогатуваат својот репертоар, па денеска без некои специјални подготовки можат да настапуваат на различни фестивали.

                -Бидејќи живееме во повеќенационална Војводина негуваме и мелос на јазиците на националните заедници, како и евергрин, поп и рок музика. Нашиот репертоар го збогативме и со духовна и литургиска музика. Пееме и српски народни песни и песни од регионот, изјави Олгица Илиќ – Митевски, диригент на хорот.

                Хористите своите способности ги потврдија и на општински и регионални смотри и фестивали. Со текот на времето им се зголеми бројот на настапите, а репертоарот стана и жанровски поразновиден.     

                Според зборовите на воспитувачот Караклиќ на почетокот тие пееле во сродни установи, а потоа во Панчево, Белград, Нови Сад, Зајечар и други градови. Секоја година одат на три инклузивни фестивали: „Срца во хармонија“ во Нови Сад, „Срце на дланка“ во Петровец на Млава и „Ноти за сите“ во Крагуевац. Чести гости се и на значајни културни манифестации како што се: „Панчевачки денови на духовна музика“ во Светосавскиот дом во Панчево, „Панчевачки филм фестивал“, Џез фестивал, кој што се одржува во Панчево, како и на поетскиот маратон во Домот на културата во Јабука. Рамноправно пеат со уште три хора во црквата во Глогоњ, на „Петроварадинските вечери на духовна музика“ и на бројни манифестации кои се одржуваат во Народната бавча во Панчево. Редовни учесници се и на прославите на значајни празници во Јабука.

                Меѓу последните настапи кои оставиле длабоки траги во нивната музичка кариера се настапите во Германија во Франкфурт на Мајна и настапoт пред бистата на Гоце Делчев каде имаат специјален репертоар од македонски револуционерни песни посветени на Гоце Делчев. Посебно ги воодушевуваат манифестациите кои не се резервирани само за учесници со интелектуални потешкотии. 

     

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Magla na planinama: Vidljivost 100 do 500 metara

    Republički hidrometeorološki zavod (RHMZ) upozorio je da se danas na planinama u večernjim časovima može očekivati magla koja će smanjivati vidljivost na 100 do 500 metara, lokalno i […]