Makedonski

ОДБЕЛЕЖАH ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО ВО ЈАБУКА

Izvor: 
Liljana Lazareska Ned, 17/12/2017 - 10:24

 

Со пригодна програма одржана во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Јабука учениците и вработените во ОУ „Гоце Делчев“ го одбележаа Меѓународниот ден на јаболкото. 

Тие играа, пееја, рецитираа и глумеа во чест на јаболкото кое во оваа годишно време го има во изобилство.

Значајно место во културно-уметничката програма имаа и учениците кои го учат предметот македонски јазик со елементи на национална култура. 

-Без нив не поминува ниедна приредба и прослава организирана од училиштето. Секогаш се добро подготвени и постојано пријатно ме изненадуваат, рече Милосав Урошевиќ директорот на училиштето „Гоце Делчев“.

0361766860.jpg

Годинава тие гостите од Националниот совет на македонската заедница во Република Србија, родителите и своите соученици ги воодушевија со стихови посветени на есента и овошјето. 

-Учеството на вакви приредби има големо значење за учениците. Освен што го покажуваат своето знаење стекнато на часовите тие имаат можност да ја победат и тремата од јавно настапување, вели наставничката која ја изведува наставата по македонски јазик во оваа училиште. 

Во одбележувањето на овој ден и годинава масовно се вклучија и родителите кои направија прекрасни колачиња и пијалоци од јаболки со кои сите учесници во програмата и публиката се засладија.

Pročitajte tekst na srprkom jeziku.

projekat_manjine_baner_2017.jpg


Marketing

Najnovije vesti