Makedonski

ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВАТ КОРЕНИТЕ“

Izvor: 
Liljana Lazareska Uto, 26/12/2017 - 18:54

Пред новогодишните празници, по седми пат, Домот на културата „Младост“ од Глогоњ ја одржа манифестацијата „Да не се заборават корените“.

Манифестацијата ја отворија најстарите членови на фолклорната секција со песната „Брала мома капини“, а потоа со оро и песна се претставија и најмладите членови. 

-Оваа манифестација е посветена на Македонците кои живеат во оваа место, а целта е подобро меѓусебно запознавање и негување на својата посебност, истакна директорот на Домот на културата, Славко Јовановски.

Тој смета дека јазикот, културата и традицијата најдобро се чуваат преку фолклорот. Токму затоа во културно-уметничката програма учествуваа сите членови на фолклорната секција која активно работи во оваа установа. 

Со неколку нумери програмата ја збогатија и гостите од пејачката група „Тоше Проески“ од Качарево. А најмладите членови на ова група со квизот и преку песните кај публиката ја проширија сликата за Македонија. 

Директорот на Домот на културата е задоволен што оваа манифестација има свој континуитет и што од година во година има поголем одѕив и масовност. Посебно му е драго што годинава со своето присуство ја подржува и претседателот на Националниот совет на македонската национална заедница, Борче Величковски.

Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

projekat_manjine_baner_2017.jpg


Marketing

Najnovije vesti