• СВЕДОШТВО НА МИНАТОТО

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

                Pročitajte tekst na sprskom jeziku.

    Во рамките на централната прослава на 70 години од преселбата на Македонците во Војводина, на 30 октомври, во холот на Собранието на Град Панчево, беше отворена изложба на фотографии и уметнички слики наречена „Доселување на Македонците во Војводина“.

                Беа изложени фотографии на кои беше претставен дел од животот на Македонците во првите години од доселувањето во Војводина и уметнички слики од академскиот сликар Павле Кузмановски од Тетово. Фотографите се дел од приватните збирки на Македонци во Качарево, Јабука и Глогоњ, а уметничките слики се направени специјално за оваа прилика.

                Целта е посетителите на изложбата да се запознаат со начинот на животот во  првите години по доселувањето, на изградбата и воведувањето на инфраструктурата во населените места, а Македонците да се потсетат на родниот крај и нивното потекло.

                Иако оваа изложба во Панчево беше само еден ден, покрај присутните на централната прослава ја посетија и претседателите на Република Македонија и Република Србија д-р Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ и голем број на жители на Панчево. Потоа истата прилика ја имаа и жителите на Јабука и Качарево.

     

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Šta ograničenje kamata na kredite znači za građane

    Izvršni odbor Centralne banke doneo je odluku o privremenom ograničenju kamate na pet odsto za postojeće, ali i nove kredite sa promenljivom kamatom, kao i za nove kredite sa fiksnom stopom. […]