Министерството за државна управа и локална самоуправа во Република Србија на 18 декември во Палатата на Србија во Белград закажа шеста по ред јавна расправа за работниот текст на Нацртот на законот за измени и дополнувања на Законот на националните совети на малцинските заедници.
Како учесници на оваа расправа, како и на претходните пет, се очекуваат претставници на сите националните совети на националните малцинства во Република Србија.
Со овој Нацрт на Законот на националните совети на малцинските заедници во Република Србија подготвен со подршка на Мисијата на ОЕБС се нудат позитивни измени и дополнувања. Една од нив е и како треба да се трошат средствата кои националните совети ги добиваат од државната каса. Прецизирано е што сѐ спаѓа во редовна дејност која може да се финансира со 50% од средствата издвоени од буџетот на Република Србија и Автономна Покраина Војводина. Предлози и забелешки на работниот текст на Нацртот на законот можат да се достават до Министерството за државна управа и локална самоуправа на Република Србија.
Новиот закон ќе биде усвоен на почетокот на идната година. Доколку се прифатат предложените измени и дополнувања националните совети ќе бидат принудени поинаку да ги трошат парите кои ги добиваат.
Тркалезни маси за измени и дополнување на Законот за националните совети на малцинските заедници досега се одржани во Нови Сад, Нови Пазар, Бујановац, Петровац на Млава и Суботица.
Pročitajte tekst na srpskom jeziku.