• ПОСЕТА НА ЈАБУКА

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Амбасадорката на Република Македонија во Република Србија Вера Јовановска Типко и министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања Зоран  Ѓорѓевиќ, на 11 ноември, ја посетија Јабука. 

    Гостите ги пречекаа градоначалникот на Панчево Саша Павлов, претседателот на Националниот совет на македонската заедница во Република Србија, Борче Величковски, претседателот на месната заедница, Слободан Илиќ и жители на Јабука. На средбата присуствуваа и претставници од другите институции во оваа место, членовите на рецитаторската секција по македонски јазик, членови на здружението „Илинден-Јабука“ и др.

    Целта на оваа посета е подобро запознавање со проблемите и активностите на македонската заедница, а темата е рамноправност на родовите во националните малцинства и остварување на нивните права и социјална заштита. 

    -Отворено зборувавме за одредени теми со цел да бидеме подобри и поефикасни и да ги заштитиме човековите права на сите заедници па и на македонската за да бидат повеќе интегрирани во општеството, рече амбасадорка Вера Јовановска Типко. 

    Според амбасадорката рамноправноста на родовите треба да биде редовна тема затоа што го стимулира развојот и растот на целокупното општество.

    Со оваа посета и Владата на Република Србија ја исполнува целта зададена уште 2014 година да се направи едно мултиетничко општество во кое правата на сите национални малцинства ќе бидат на највисоко можно ниво.

    И локалната самоуправа во границите на своите можности се труди да го следи овој пат. 

    Според градоначалникот на Панчево тоа најдобро се гледа од поддршката на многу проекти на таа тема, а соработката со македонската заедница е на високо ниво. 

    За рамноправноста на половите треба да се учи од најмали нозе. На дел од правата на децата, низ стихови, потсетија учениците кои го учат предметот македонски јазик со елементи на национална култура во ОУ „Гоце Делчев“ во Јабука. 
     
    Правата треба да се знаат за да се почитуваат. Тоа е и целта на посетата на Јабука и на неколку места во Војводина.

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    Амбасадорката на Република Македонија во Република Србија Вера Јовановска Типко и министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања Зоран  Ѓорѓевиќ, на 11 ноември, ја посетија Јабука. 

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Na našim rekama primetan sve veći broj ribokradica

    Ribočuvari ovih dana imaju pune ruke posla. Da li zbog posta ili iz nekog drugog razloga, na našim rekama primetan je sve veći broj ribokradica. Iako su za krivolov predviđene velike kazne, mnogi […]

    Gde je nestala 13. plata u Srbiji

    Ono što nazivamo 13. platom jesu dodatne naknade koje kompanije isplaćuju radnicima kao dobrovoljne bonuse, zasnovane na učinku ili kao obavezne isplate jednake mesečnoj zaradi. […]