По повод Меѓународниот ден на жените на село, на 15 октомври, пред Домот на културата „Кочо Рацин“, 17 здруженија од Јабука и околните места и претставници од ОУ „Гоце Делчев“ ги претставија своите ракотворби, специјалитети и пијалоци.
Посетителите имаа прилика да се запознаат со работата на здруженијата од Панчево, Ново Село, Качарево, Јабука и други места. Посебно внимание привлекуваа ракотворбите на Специјалниот дом за лица со пречки во развојот. Не помалку привлечни беа и домашните пијалоци кои беа изложени на штандовите на винарите, виноградарите и пензионерите.
Македонската традиција и култура ја претставија жените од здружението „Илинден-Јабука“, кои за оваа прилика подготвија зимница и специјалитети направени по стари рецепти. На нивниот штанд беа изложени и ракотворби и предмети наследени од постарите.
Оваа манифестација здружението „Златна јабука“ по втор пат ја организира со цел да се одбележи овој ден, да се види колку здруженијата биле вредни во текот на годината, но и да се промовира и афирмира работата и креативноста на жените на село за да бидат видливи и препознатливи во околината.
Вакви активности имаат големо значење за Јабука, но и за град Панчево и во целост се подржани од месната заедница во Јабука.
Pročitajte tekst na srpskom jeziku.