• ПРОМОВИРАЊЕ И АФИРМАЦИЈА НА РАБОТАТА НА ЖЕНИТЕ

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    По повод Меѓународниот ден на жените на село, на 15 октомври, пред Домот на културата „Кочо Рацин“, 17 здруженија од Јабука и околните места и претставници од ОУ „Гоце Делчев“ ги претставија своите ракотворби, специјалитети и пијалоци.

    Посетителите имаа прилика да се запознаат со работата на здруженијата од Панчево, Ново Село, Качарево, Јабука и други места. Посебно внимание привлекуваа ракотворбите на Специјалниот дом за лица со пречки во развојот. Не помалку привлечни беа и домашните пијалоци кои беа изложени на штандовите на  винарите, виноградарите и пензионерите. 

    Македонската традиција и култура ја претставија жените од здружението „Илинден-Јабука“, кои за оваа прилика подготвија зимница и специјалитети направени по стари рецепти. На нивниот штанд беа изложени и ракотворби и предмети наследени од постарите.

    Оваа манифестација здружението „Златна јабука“ по втор пат ја организира со цел да се одбележи овој ден, да се види колку здруженијата биле вредни во текот на годината, но и да се промовира и афирмира работата и креативноста на жените на село за да бидат видливи и препознатливи во околината.  
     
    Вакви активности имаат големо значење за Јабука, но и за град Панчево и во целост се подржани од месната заедница во Јабука.

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    По повод Меѓународниот ден на жените на село, на 15 октомври, пред Домот на културата „Кочо Рацин“, 17 здруженија од Јабука и околните места и претставници од ОУ „Гоце Делчев“ ги претставија своите ракотворби, специјалитети и пијалоци.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Inspekcija rada lane obavila 34.122 nadzora

    Od 1.133 rešenja za otklanjanje utvrđenih nepravilnosti, bezmalo 11 odsto odnosilo se na kršenja u vezi sa isplatom zarada. U toku prošle godine inspekcija rada obavila je 34.122 nadzora, od […]