Со пригодна програма одржана во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Јабука и спортската сала во Качарево учениците и вработените во училиштата „Гоце Делчев“ и „Жарко Зрењанин“ на 27 јануари ја одбележаа школската слава.
Во програмата учествуваа ученици од прво до осмо одделение. Тие рецитираа, глумеа и пееја во чест на Свети Сава. Свој придонес во збогатувањето и квалитетот на програмата дадоа и учениците кои го учат предметот македонски јазик со елементи на национална култура.
-Во секоја прилика и на секоја манифестација учениците кои учат македонски јазик претставуваат дел од своето знаење. И овој пат имавме прилика да слушнеме рецитации на македонски јазик, истакна директорот на училиштето „Гоце Делчев“ Милосав Урошевиќ.
Задоволството не го криеше ни директорката на училиштето „Жарко Зрењанин“ Слободанка Ѓукиќ која нагласи дека програмата која е подготвена по повод Свети Сава е прекрасна. За нејзината разновидноста и квалитет значаен придонес дадоа и учениците кои учат македонски јазик.
Приредбата и во двете училишта ја подготвија наставничките во соработка со своите колеги, a беше подржан и од родителите кои ја следеа.
Придонес кон одбележувањето на овој ден дадоа и членовите на ликовната секција. Тие на часовите по ликовна култура ја обработија темата Свети Сава, а од најуспешните ликовни творби беа подготвени изложби.
Овој ден е одбележен и со школски час посветен на личноста и делото на Свети Сава, каде се поделени и переци.
Pročitajte tekst na srpskom jeziku.
Со пригодна програма одржана во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Јабука и спортската сала во Качарево учениците и вработените во училиштата „Гоце Делчев“ и „Жарко Зрењанин“ на 27 јануари ја одбележаа школската слава.