• ДЕСЕТ ГОДИНИ „МАКЕДОНСКО СОНЦЕ“

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    На 17 декември 2006 година на јавниот сервис РТВ Војводина започна да се емитува емисија на македонски јазик „Македонско сонцe“.

                Тоа е колажна, получасовна емисија која може да се гледа на втората програма на ТВ Војводина премиерно во недела во 18 часот, а репризно во вторник во 10 часот. Дел од прилозите преведени на српски јазик се застапени во емисијата „Палета“ која се емитува секој трет понеделник во десет часот на првата програма.

                Со цел да се опфатат сите активности на Македонците во јужен Банат, особено во општина Панчево, каде во 1946 година се доселени во поголема концентрација, 2012 година во дописништвото во Панчево започна да работи и дел од редакцијата на „Македонско сонце“.

                На реализирањето на емисијата работат уредникот Златко Јанкуловски од Нови Сад и новинарката Лилјана Лазареска со техничка подршка на снимателот  Сеад Богуќанин од Панчево.

                Се обработуваат теми од сите сегменти на животот на Македонците во Војводина. Посебно внимание се обраќа на проблемите со кои се соочуваат тие, на нивната работа и успеси кои ги постигнуваат на сите полиња особено во негувањето на јазикот и културата, чувањето на традицијата и обичаите. Редовно се следат и активностите на македонскиот Национален совет, новинско-издавачката установа  „Македонски информативен и издавачки центар“, здруженијата и асоцијациите.

                -Уредникот Златко Јанкуловски заедно со колешката Лилјана Лазареска успеваат од получасовна емисија да направат мал јавен сервис во кој се опфатени настани од Македонија и сѐ она што се случува во македонската заедница. Емисијата „Македонско сонце“ професионално е добро направена, ништо не треба да се додава, единствено е потребно поголема соработка од страна на потенцијалните соговорници, истакна Атила Мартон, главен и одговорен уредник на втората програма на ТВ Војводина.

                Во изминатите десет години подготвени се 500 емисии во кои се прикажани повеќе од 1500 прилози на разни теми. Посетени се речиси сите места каде живеат и работат Македонците во Војводина, Белград, но и во централна Србија.  

                -За реализацијата на нашата емисија секако имаме голема помош и од нашите колеги кои ни пружат морална и техничка подршка. Со работата на нашата екипа во дописништвото во Панчево се подобри квалитетот на емисијата, а со тоа порасна и гледаноста, рече Златко Јанкуловски.

                Гледачите на оваа емисија имаат можност да уживаат и во музичкиот дел во кој наизменично се распоредени македонска народна и забавна и музика, но и музика за деца. 

     

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Sutra pre podne sunčano vreme, tokom noći kiša

    U Srbiji će sutra pre podne u celoj zemlji biti pretežno sunčano i malo toplije, a posle podne sledi postepeno naoblačenje sa severozapada, saopšteno je iz Republičkog hidrometeorološkog […]