Makedonski

МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО РИТАМОТ НА ДВАЕСЕТТИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ВО ПАНЧЕВО

Izvor: 
Liljana Lazareska Ned, 17/12/2017 - 10:55

Единаесет музичари од пет континенти, собрани околу проектот „Уметност на прекршениот ритам“, под раководство на Владимир Николов и Срѓан Ивановиќ, ја воодушевија публиката на дваесеттиот џез фестивал во Панчево. 

-Долго време го подготвуваме овој проект кој со голема посветеност го аранжираше Владимир Николов. Ансамблот не е голем, но има максимален број на инструменти. Имаме француска хорна, тромбон, туба, труба, саксофон, армоника, тапан, виолончело и клавир. Ова богатство на инструменти и боја на тонови кои  не се повторуваат ни дава максимална можност да аранжираме во мал состав, рече Срѓан Ивановиќ, тапанар во овој оркестар.

Тие за прв пат настапија во Панчево, а публиката уживаше во нивниот избор на мајсторски искомбинирани нумери составени од композициите на Владимир и Срѓан. 

-Репертоарот е мешан. Има доста балкански елементи. Проектот е малку повеќе посветен на традиционалниот џез во комбинација со еден модерен ритам. Во тој ритам има доста македонски елементи. Некои од нив се свесно употребени, а доста од нив едноставно се дел од нашето културно наследство, истакна Владимир Николов од Скопје.

Овие музичари со љубов работат и се трудат да дадат максимум кога е квалитетот во прашање. Таквата посветеност ги задоволува критериумите на организаторите за учество на овој фестивал.

-Соработката  со Македонија на ова поле е интензивна и трае со години, велат организаторите.

Покрај учество на џез фестивалот македонските музичари учествуваат уште на два фестивала кои ги организира Културниот центар на Панчево, а тоа се „Етно ком“ фестивалот кој оваа година се одржа по 15 пат и фестивалот на класична и камерна музика годинава одржан по седми пат.

Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

projekat_manjine_baner_2017.jpg


Marketing

Najnovije vesti