Makedonski

МАКЕДОНСКИОТ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР НА САЕМОТ НА КНИГИТЕ ВО БЕЛГРАД

Izvor: 
Liljana Lazareska Pet, 22/12/2017 - 13:51
На 62 меѓународен Саем на книги во Белград, на заедничкиот штанд „Војводина повеќе од книга“, меѓу изданијата на националните заедници кои живеат и работат во Војводина беа изложени и најновите наслови на новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“ од Панчево. 
 
-Со самофинансирање и преку проекти подржани од министерствата на Република Македонија, Република Србија и АП Војводина, „Македонскиот информативен и издавачки центар“ има објавено вкупно 87 наслова. Само оваа година од печат излегоа девет нови наслова што е сосема доволен број и за претставување на некоја поголема издавачка куќа на овој Саем, рече Виктор Б. Шеќеровски, директорот на „МИИЦ“.
 
Вниманието на посетителите, покрај списанијата „Македонска виделина“, „Видело“ и „Ѕуница“, го привлекоа и книгите „Патеки и кругови“ на Војислав Максимовиќ, збирката есеи „Косовски и други теми“ напишана од Јордан Ристиќ, потоа книгата „Соло дует“ на Христо Петрески и штотуку отпечатените книги „Еден, една, едно“ на Јордан Томов, „Градините на внатрешниот сон“ од Бистра Илин Шеќеровска, „Злобна тетка и други раскази“ од Славче Ковиловски и книгата „Ако“ на Трајче Кацаров.
 
За читателите кои ја сакаат музиката и се трудат да ја сочуват традицијата беше примамлива книгата „Играчка и музичка традиција на Македонците во Качарево“ напишана од Јулијана Јовановиќ и Горан Милошевски.
 
 
projekat_manjine_baner_2017.jpg

 



Marketing

Najnovije vesti