• МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ИЛИНДЕН-ЈАБУКА“ НА ШТРУДЛИЈАДАТА ВО ДОЛОВО

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Меѓу 23 штанда, на кои беа изложени штрудли со различни филови, на 18 Штрудлијада во Долово, се наоѓаше и штандот на здружението „Илинден-Јабука“ на кој освен штрудла со афион, подготвена за натпревар, се наоѓаа и колачиња со ореви, ванилици и кроасани.

    -Сѐ брзо се продаде.  На оваа манифестација нашето здружение учествува повеќе од 10 години, а јас доаѓам петта години по ред. Пред три години го освоив првото место во категорија гостинска штрудла, вели Љубица Јованоски од Јабука.

    Таа е задоволна од интересот на посетителите за нивните производи на оваа манифестација, но и од соработката на другите здруженија, учесници на Штрудлијадата. Одушевена е и од гостопримството на здружението „Доловки“ од Долово кои во оваа прилика беа добри организатори и домаќини. 

    – Ние го избравме овој колач затоа што е еден од најстарите и од него направивме приказна. Ние овде имаме вкупно 148 учесника, претставници од сите национални заедници. Се трудиме штрудлата да ја промовираме за да се сочува од заборав. Овие слатки ги правеле нашите баби и прабаби. Hие денеска изнесовме над 150 штрудли  филувани со афион, рогач, ореви, вишни и друго, изјави Драгана Мариќ, потпретседателка на здружението на жените „Доловки“ од Долово.

    Со оваа манифестацијата тие се трудат да ја промовираат штрудлата,  но позадина на приказната е дружење и соработка со останатите здруженија, ширење на културата  и традицијата. 
    Многумина овие манифестации ги викаат и „јади“. Тие речиси се единствени настани кои се случуваат во селата, а здруженијата со нивната работа се трудат барем малку да го оживеат селото.

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku

    Меѓу 23 штанда, на кои беа изложени штрудли со различни филови, на 18 Штрудлијада во Долово, се наоѓаше и штандот на здружението „Илинден-Јабука“ на кој освен штрудла со афион, подготвена за натпревар, се наоѓаа и колачиња со ореви, ванилици и кроасани.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    U Srbiji dom košta od 400 do 4.802.000 evra

    Subotica je već tri godine prvi grad u Vojvodini po broju prodatih kuća, gde ih je od 2021. do 2023. prodato 3.152, a cene su bile od 1.000 do 245.000 evra. […]