Makedonski

ПОСЕТА НА ЈАБУКА

Izvor: 
Liljana Lazareska Pet, 22/12/2017 - 14:00

Амбасадорката на Република Македонија во Република Србија Вера Јовановска Типко и министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања Зоран  Ѓорѓевиќ, на 11 ноември, ја посетија Јабука. 

Гостите ги пречекаа градоначалникот на Панчево Саша Павлов, претседателот на Националниот совет на македонската заедница во Република Србија, Борче Величковски, претседателот на месната заедница, Слободан Илиќ и жители на Јабука. На средбата присуствуваа и претставници од другите институции во оваа место, членовите на рецитаторската секција по македонски јазик, членови на здружението „Илинден-Јабука“ и др.

Целта на оваа посета е подобро запознавање со проблемите и активностите на македонската заедница, а темата е рамноправност на родовите во националните малцинства и остварување на нивните права и социјална заштита. 

-Отворено зборувавме за одредени теми со цел да бидеме подобри и поефикасни и да ги заштитиме човековите права на сите заедници па и на македонската за да бидат повеќе интегрирани во општеството, рече амбасадорка Вера Јовановска Типко. 

Според амбасадорката рамноправноста на родовите треба да биде редовна тема затоа што го стимулира развојот и растот на целокупното општество.

Со оваа посета и Владата на Република Србија ја исполнува целта зададена уште 2014 година да се направи едно мултиетничко општество во кое правата на сите национални малцинства ќе бидат на највисоко можно ниво.

И локалната самоуправа во границите на своите можности се труди да го следи овој пат. 

Според градоначалникот на Панчево тоа најдобро се гледа од поддршката на многу проекти на таа тема, а соработката со македонската заедница е на високо ниво. 

За рамноправноста на половите треба да се учи од најмали нозе. На дел од правата на децата, низ стихови, потсетија учениците кои го учат предметот македонски јазик со елементи на национална култура во ОУ „Гоце Делчев“ во Јабука.    Правата треба да се знаат за да се почитуваат. Тоа е и целта на посетата на Јабука и на неколку места во Војводина.

Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

projekat_manjine_baner_2017.jpg


Marketing

Najnovije vesti