• СИТЕ ЗАЕДНО

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Tekst na srpskom jeziku

    Со богата културно-уметничка програма, одржана на осми декември во големата сала на Културно-образовниот центар „Вук Караџиќ“ во Пландиште, здружението „Македонски бисери“ ја одржа манифестацијата „Сите заедно“.

    -Напишавме проект во кој имаше место за учество на сите национални заедници кои живеат во нашата општина, нагласи Славка Стефановски, претседателка на здружението „Македонски бисери“, Пландиште.

    Во програмата настапија повеќе од сто учесници припадници на мнозинскиот народ и малцинските заедници и тоа: Срби, Унгарци, Романци, Словаци, Роми и Македонци.

    Покрај најмалите кои се претставија со рецитирање на стихови на својот мајчин јазик, фолклорното богатство и наследство го претставија културно-уметничките друштва „Вук Караџиќ“ од Пландиште, „Братство“ од Хајдучица, „Николае Балческу“ од Барице и претставници од унгарската заедница од Јерменовац и ромската заедница предводени од Драган Боц.  

    Македонскиот јазик го претставија ученици од Oсновното училиште „Доситеј Обрадовиќ“ кои годинава ја посетуваат наставата по македонски јазик и Виолета Станојковски. Присутните имаа прилика да уживаат и во македонски песни изведени од Слободан Тренковски и Дарко Ристески. 

    -Сите што излегоа на сцената, беа подржани од публиката. Уживавме во сето она што го прикажаа учесниците, рече Љубица Граовац. 

    Дел од културното наследство и богатство на националните малцинства беше претставен и преку заедничката изложба на експонати и традиционалните специјалитети.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija