• СЀ ПОДОБРИ И ПОСИГУРНИ ВО СЕБЕ

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    Предметот Македонски јазик со елементи на национална култура во основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука се учи веќе петта година. Во текот на овие години покрај редовна настава формирани се литературна, рецитаторска, драмска и новинарска секција кои успешно работат. Нивните членови настапуваат на разни училишни приредби и настани кои ги организира македонската заедница.  

                Членовите на литературната секција своите способности во пишување ги докажуваат со учество на литературни конкурси, а новинарската секција со пишување во списанието за деца и млади „Ѕуница“. Додека пак членовите на рецитаторската и драмската секција досега имаа најмногу работа и најдобро поле за докажување. Тие само во втората половина на октомври учествуваа на три настана на кои го покажаа владеењето на македонскиот јазик.

                 На Меѓународниот ден на јаболкото, кој се одбележа на 21 октомври, пред своите другари, учители, наставници и родители рецитираа стихови посветени на овошјето и есента. На 24 истиот месец по повод Денот на револуционерната борба на македонскиот народ пред бистата на Гоце Делчев рецитираа песни посветени на Гоце Делчев и на сите борци кои ги положија своите животи во темелите на слободата.

                Своите рецитаторски способности ги покажаа и на свечената академија која се одржа во Центарот за култура во Панчево организирана по повод 70 години од доселувањето на Македонците во Војводина. Програмата ја следеа и претседателите на Република Македонија и Република Србија д-р Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ.

                -Од учество до учество тие се сѐ посигурни во себе и сѐ подобро го покажуваат наученото, вели професорката Лилјана Лазареска.

                Секако најуспешни беа на прославата на Денот на Националниот совет, на 10 декември, каде во два блока го потврдија своите знаење во областа на рецитирањето и глумењето. Овде ја докажаа и својата организациска способност бидејќи беа носители и на целата програма.

                Задоволството не го крие ни директорот на училиштето Милосав Урошевиќ кој ги подржува во сите нивни активности. Неговото присуство на нивните настапи рецитаторите ги инспирира да бидат подобри, да работат повеќе и да бидат посигурни во своето знаење и во презентирањето на наученото.

     

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija