Makedonski

ВИНО ЗА СЕКОЈА ПРИЛИКА

Izvor: 
Liljana Lazareska Ned, 25/12/2016 - 20:17

Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

Помеѓу многубројните штандови преполни со новогодишни украси, предлози за подароци, ракотворби, прехрамбени производи и пијалоци изложени од поединци, здруженија и мали занаетчиски работилници од 28 до 30 декември се наоѓаа и вината произведени во винаријата Филиповски од Јабука.

            Ненад Филиповски и на овој базар како и на претходните се претстави со квалитетни вина произведени по традиционални рецепти наследени од неговиот татко. На оваа манифестација, тој за своите постојани купувачи изнесе три црна и три бела вина.

            -Луѓето ги сакаат нашите вина, навикнаа веќе на нив, ги купуваат за новогодишните и божиќните празници, за слави, родендени, дружења, но и за секојдневна употреба, вели Ненад Филиповски.

            На оваа манифестација тој изложува како самостоен производител и како член на здружението на лозари, винари и овоштари „Грозд“ Јабука. 

            Од година во година тој произведува сѐ поквалитатни вина за кои добива бројни награди и признанија на многу сајмови и манифестации кои ги организира град Панчево или здруженија на винари.

            Само во 2016 година неговите вина имаат добиено неколку награди за квалитет. Меѓу најзначајните cе наградитe добиени на 19 меѓународен фестивал на вина во Темерин каде освоил златни медали за млад Траминац и Бермет и сребрен медал за Вранец.

            Ненад е основач на здружението на лозари, винари и овоштари „Грозд“ Јабука кое во Јабука работи веќе 15 години.

 

projekat_manjine.jpg


Marketing

Najnovije vesti