• ВОЗВРАТНА ПОСЕТА

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    На 18 ноември делегација составена од претставници на месната заедница Јабука, Домот на културата  „Кочо Рацин“ и ОУ „Гоце Делчев“ од Јабука присуствуваше во возвратна посета на oпштина Македонски Брод во Република Македонија.

                Повод да се посети оваа место е поканата на градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, упатена на 30 октомври при потпишувањето на Повелбата за соработка помеѓу овие две општини пред претседателите на Република Македонија и Република Србија д-р Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ.

                Целта е воспоставување на подобра соработка со институции од Македонски Брод и правење контакти со претставници од другите држави присутни на манифестацијата „Костенијада“ која редовно се одржува во оваа место.

                -Присуствувавме на отварањето на манифестацијата при што ни е доделена благодарница како и на останатите претставници од соседните држави. Воспоставивме контакти со претставници од Полска, Босна и Херцеговина, Турција и Бугарија, рече Слободан Илиќ, претседателот на месната заедница Јабука.

                При дводневната посета промовирани се град Панчево и месната заедница Јабука, договорено е посетите меѓу двете збратимени места да бидат почести, а соработката поинтензивна со што ќе се продлабочат врските помеѓу двете општини, како на економски  исто така и на културен план.

     

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Osuđeni roditelji dečaka ubice iz „Ribnikara“

    V.K. i M.K., roditelji dečaka ubice K. K. (14) koji je 3. maja 2023. počinio masakr u školi "Vladislav Ribnikar", proglašeni su krivim i osuđeni danas pred Višem sudu u […]