• „КОСОВСКИ И ДРУГИ ТЕМИ“ И „ПАТЕКИ И КРУГОВИ“ ПРЕД ЧИТАТЕЛИТЕ

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

     

    Во градската библиотека на Панчево, на 11 октомври, Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“, претстави две книги. Љубителите на убавиот збор имаа прилика да се запознаат со содржината на прозата „Патеки и кругови“ на Воислав Максимовиќ и со збирката есеи „Косовски и други теми“ од  Јордан Ристиќ.  

    За автoрите, нивното творештво и содржината на двете книги кои штотуку излегоа од печат зборуваа рецензентите Миладин Распоповиќ и Виктор Б. Шеќеровски.

    Со својата содржина, овие изданија ја збогатија современата книжевност, а придонесоа и на жанровската разновидност на изданијата на „Македонскиот информативен и издавачки центар“. 

    -Прозата на Воислав Максимовиќ е една навистина сублимирана мудрост и секој издавач би прифатил да ја печати, а во книгата „Косовски и други теми“ се обработени и многу теми поврзани со Македонија. Во неа Јордан Ристиќ на еден необичен начин ја опишува Македонија во првата половина на 20 век, рече директорот на Новинско-издавачката установа Виктор Б. Шеќеровски.

    Ова се први дела од овие автори кои излегоа од печат во издание на ова издавачка куќа, а задоволството од воспоставената соработка е двострано.

    Кај присутните и двата наслова наидоа на добар прием и предизвикаа посебна љубопитност за нивната содржина, но за жал авторите немаа кај себе примероци кои би им ги подариле или продале.

    Pročitajte vest na srpskom jeziku.

    Во градската библиотека на Панчево, на 11 октомври, Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“, претстави две книги. Љубителите на убавиот збор имаа прилика да се запознаат со содржината на прозата „Патеки и кругови“ на Воислав Максимовиќ и со збирката есеи „Косовски и други теми“ од  Јордан Ристиќ.  

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija