• МУЗИКА КОЈА ВООДУШЕВУВА

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Втората вечер на петнаесеттиот „Етно ком“ фестивал, одржан во Културниот центар на Панчево, настапи македонскиот музички состав „Љубојна“.  За прв пат публиката во Панчево имаше прилика да се запознае со дел од огромниот репертоар  на овој состав кој, меѓу останатото, ја негува и македонската традиционална музика.

    -Настапивме со добро позната музика која се вика „Радио Љубојна“, тоа се познати македонски љубовни песни кои ги направивме пред 15 години и ги пееме со огромно задоволство и голема почит кон македонската музика речиси на сите концерти. Тоа е бренд  кој го изгради „Љубојна“, рече Оливер Јосифовски.

    Тој е задоволен од поканата да учествуваат на овој фестивал, а истовремено и среќен што за прв пат ќе се претстават пред публиката во Панчево каде што живеат голем број на Македонци и многу обожаватели со кои тие се допишуваат.  

    -„Љубојна“ свири музика во која се среќаваат многу различни музики. Во нејзиниот  фокус е нашата многу блиска, но малку подзаборавена, повторно актуелна и секогаш прекрасна македонска музика. „Радио Љубојна“ е она што на последните концерти го промовираме, а луѓето го препознаваат и со нас пеат, вели Вера Милошевска.

    Публиката беше оддушевена и од изведбата на музичарите Најдо Шаќиров Перкуси, Игор Милевски и Горан Димитровски, кои, во последно време, на неколку концерти изведени во Македонија и странство, станаа основна поставка на „Љубојна“ без чија целосна поддршка нивниот настап не би бил толку занимлив и привлечен. 

    Публиката беше изненадена и воодушевена од настапот, изборот и изведбата на песните. Љубителите на традиционалната музика петнаесеттиот „Етно ком“ фестивал во  Панчево, меѓу останатото, ќе го паметат и по настапот на македонскиот музички состав „Љубојна“ кој успеа да им ги разгали срцата и заедно со нив да ужива во прекрасните македонски песни.

    Pročitajte tekst na srpskom jeziku.

    Втората вечер на петнаесеттиот „Етно ком“ фестивал, одржан во Културниот центар на Панчево, настапи македонскиот музички состав „Љубојна“.  За прв пат публиката во Панчево имаше прилика да се запознае со дел од огромниот репертоар  на овој состав кој, меѓу останатото, ја негува и македонската традиционална музика.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija

    Zaplenjena droga za silovanje, uhapšen muškarac

    Pripadnici Ministarstva unutrašnjih poslova u Beogradu u saradnji sa Višim javnim tužilaštvom u Beogradu uhapsili su N. V. (1986), zbog postojanja osnova sumnje da je izvršio krivično delo […]