• ШАХОТ БАРА ЦЕЛ ЧОВЕК

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
    013 Info

    Tekst na srpskom jeziku.

    Радован Јаниќијевски, исто како и многу негови пријатели, секојдневно доаѓа во Домот на пензионерите во Пландиште каде заедно на неколку табли играат шах. Љубовта кон ова древна игра ја наследил од татко му. Кога имал само четири години татко му му подарил рачно изработени фигури чии мирис и денеска кај него буди драги спомени.

    Основните правила на оваа, во тоа време омилена игра на постарите, ги научил во секојдневното играње со татко му и најблиските. Љубовта кон шахот полека се зголемувала и тој почнал да учи од списанија и книги. Неговата библиотека и знаење полека се збогатувале, а првите успеси ги доживува уште во основното училиште.

    -Почнав да играм за Пландиште како младинец, а потоа, како сениор, играв за Вршац во втора сојузна лига од 1977 до 1997 година. Играв и во лигата за Војводина, а сега се натпреварувам само за клубот „Слога“ од Пландиште Банатска лига југ. Не сум веќе за големи задачи, но сѐ уште играм добро, освојувам повеќе од 50 проценти за екипата, вели Радован. 

    Тој е еден од најуспешните членови во клубот. Играл со познати мајсторски кандидати како што се Грубишиќ, Стоиљковиќ, Попов, Грозданиќ. Постигнувал исклучителни резултати и ремизирал со многу мајстори, меѓу кои бил и прославениот велемајстор Давид Бронштајн. Како кандидат за мајстор се пласирал 1979 година на турнирот во Вршац. Во 1994 година бил и работнички првак на Вршац. Неговата витрина ја красат многу награди, признанија и пехари добиени на многу турнири. 

    За него важи девизата која ја научил на многубројните натпевари „Во победата немој да се возвишуваш, а во поразот не се смалувај“.

    -Кога се победува секој добро се чувствува, а кога се губи дури и ако се изгуби од првак на светот не е пријатно, го потврди  општото правило Јаниќијевски.

    И покрај тоа што во Домот на пензионерите се игра за дружење, а не за докажување тој не е многу омилен противник кај неговите пријатели бидејќи е еден од најдобрите и сѐ уште извонредно игра. 

    -И покрај тоа што не играме за награда сепак никој не сака редовно да губи, вели Санде Додиќ.  

    За него љубителите на шахот во Пландиште велат дека тешко можат да го победат бидејќи е комплетен играч и ги познава сите фази на играта. 

    Радован Јаниќијевски, исто како и многу негови пријатели, секојдневно доаѓа во Домот на пензионерите во Пландиште каде заедно на неколку табли играат шах. Љубовта кон ова древна игра ја наследил од татко му. Кога имал само четири години татко му му подарил рачно изработени фигури чии мирис и денеска кај него буди драги спомени.

    Podeli vest:

    Facebook Twitter WhatsApp
  • NAJČITANIJE U POSLEDNJIH 96H

    Ostalo iz kategorije Srbija