Makedonski

ПОЕТСКИ КАРАВАН

Izvor: 
Liljana Lazareska Pon, 11/09/2017 - 18:53

Со книжевна вечер, одржана на 4 септември, во Домот на културата  „Младост“ во Глогоњ, македонското здружение „Герман“ ја започнаа манифестацијата „Денови на македонската култура“. 

Стихови на македонски и српски јазик читаа поетесата Виолета Пачевски од Панчево и поетите Виктор Б. Шеќеровски и Ратко Марковиќ Риѓанин од Белград.

Присутните беа воодушевени од присуството на гостите кои се потрудија преку настапот и поезијата да им го доближат јазикот, а истовремено и да ја претстават современата српска и македонска поезија.

-Поезијата е мост кој ги спојува културите и таа претставува добра основа за градење на цврсти врски, вели поетот Виктор Б. Шеќеровски. 

Токму затоа, во рамките на оваа манифестација, единствeна активност се книжевните вечери кои ќе се одржуваат секој понеделник во текот на септември. На 11 овој месец домаќин на поетите ќе им биде Домот на културата „Кочо Рацин“ во Јабука, а недела дена покасно и Домот на културата „Братство-единство“ во Качарево. Своето патување поетскиот караван ќе го заврши во салата на Домот на младите „Аполо“ во Панчево со тројазичната книжевна вечер на која присутните освен стихови на македонски и српски ќе имаат можност да слушнат и стихови на романски јазик. 

Цел на манифестацијата е запознавање и дружење, доближување на современото литературно творештво до пошироката публика, но и чување на јaзикот и соработка со другите национални заедници.

Освен co поддршката на Град Панчево и домовите на културата во населените места каде се одржуваат книжевните вечери, здружението „Герман“ од Глогоњ оваа манифестација ја реализира во соработка со Домот на младите во Панчево и Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“.

Pročitajte tekst a srpskom jeziku.

 



Marketing

Najnovije vesti